Тордис
Здружение за поттикнување на партнерство
и развој на граѓанското општество
Цели и задачи на Тордис
Волонтери
собрани донации
Општествен просперитет
- Поттикнување и зајакнување на партнерство и развој на меѓу секторската соработка.
- Поттикнување и зајакнување на демократија и човекови права.
- Поттикнување и зајакнување на политиката за заштита на младите .
- Поттикнување на вмрежување на организациите во граѓанското општество.
- Поттикнување и зајакнување на информираност и зголемување на јавното влијание на организациите на граѓанското општество.
- Поттикнување и зајакнување на развојот на локалните заедници.
Зголемување на јавна свест
- Зголемување на вработувањето во организациите на граѓанскиот сектор, бизнис опкружувањето и развој на социјалното претприемаштво.
- Изградба на капацитети на граѓанското општество.
- Поттикнување н активно партиципирање на граѓаните во развојот на локалните заедници и опкружувањето воопшто.
- Поттикнување и зајакнување на доживотното учење.
Заштита на околината
- Заштита на околината
- Заштита и благосостојба на животните
Семејни вредности
- Поддршка и зајакнување на семејните вредности, воедно и на правилно и квалитетно вреднување и практикување на Законот за семејството со неговите основни начела. Односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето.
- Работа со самохрани родители, едукација, помагање на истите во согласност со програмата на Здружението.
- Родова рамноправност.
Религии и образование
- Унапредување на дијалогот и взаемното разбирање меѓу луѓето од различни националности етникуми, религии, култури и цивилизации.
- Организирање на хуманитарни акции, концерти, кампањи и сите други хуманитарни активности.
- Заштита на опкружувањето и учество во поддршка и развој на одржливиот развој.
- Образование, сфатено како доживотен процес на учење, користејќи ја денешната модерна информациско комуникациска технологија.